Ковачевски-Блинкен: Енергетската независност, изградбата на коридорите, правосудството и борбата против корупцијата меѓу темите на разговорот

Денес имаме исклучително важна и конструктивна пријателска средба со државниот секретар Ентони Блинкен и со неговите први соработници, на коишто навистина беа реафирмирани и истакнати сите оние главни стратешки цели кои што државата ги има, а во чие остварување секогаш сме ја имале помошта на САД, кажа премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон.

-Многу јасно беше истакната поддршката на САД за ЕУ интеграција на нашата држава. Второ, беше истакната нашата улога како исклучително важен член на НАТО – алијансата, најновиот член на НАТО Алијансата, но ние во ниту еден момент не дозволивме да бидеме пасивен член на Алијансата, туку сме многу активни со свое учество, согласно нашата големина како земја членка. Трето разговаравме за нашата улога како претседавачи со ОБСЕ во годината која е најтешка после Втората Светска војна и за тоа дека процесите се одвиваат на начин на којшто земјите членки на ОБСЕ тоа го очекуваат од нас како претседавачи, кажа Ковачевски.

Тој информира дека било разговарано исто така и за заедничките проекти со нашите стратешки партнери, како САД, така и Германија и Франција и други членки на ЕУ, во делот на енергетската независност и обезбедувањето на непречено снабдување со енергенси.

-За изградбата на идните големи инфраструктурни проекти во делот на енергетиката, пред се мислам на гасоводот кој ќе оди од ЛНГ терминалот од Грција преку Евзони и Богородица до Неготино и исто така разговаравме и за други инфраструктурни проекти како што е изградбата на Коридорот 8 и 10Д за кои што знаете дека со одлуката на нашиот парламент, двата патни правци ќе се градат од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, истакна премиерот во интервјуто.

Ковачевски информира дека на средбата со државниот секретар Ентони Блинкен во Вашингтон зборувал и за состојбата во правосудството и борбата против корупцијата.

-Разговаравме за сите прашања кои што се значајни за унапредување на државата, меѓу кои што разговаравме и за унапредувањето на демократијата. Вие знаете дека само до пред 6 години нашата држава беше заробена држава, а денес сме 36 место во светот во слободата на медиуми. Што е навистина едно исклучително големо достигнување, заради демократскиот капацитет кој што го има оваа влада предводена од СДСМ и нормално коалиционите партнери. Исто така стана збор за владеењето на правото и борбата против корупцијата, САД се еден од најзначајните партнери во унапредувањето на правосудниот систем во државата што е исто така и од страна на претставници на американската администрација и од претставниците на американската амбасада во Скопје. Ние како ги презентиравме сите закони кои што се изготвени, во делот на унапредување на борбата против корупцијата, владеењето на правото, инвестициите кои што се прават во правосудството, обезбедено е независност на судство. Меѓутоа она што е пред нас е унапредување на сите овие процеси, пред се тука мислам на зголемување на транспарентноста на целокупниот правосуден систем кој што е независен, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека треба да се идентификува кои се тие поединци кои што имаат подобри перформанси, кои имаат пониски перформанси, за да може да се унапредат, а кои треба да бидат на пример заменети со некој нов кој што ќе донесе нова енергија и ќе донесе нов квалитет во работењето на правосудните органи

-Веќе имаме нов Кривичен законик кој што беше изгласан, меѓутоа имаме голем број на закони кои што се во собраниска процедура. Најголемиот дел од нив блокирани од страна на опозцијата, јас се надевам дека ќе изнајдат начин опозициските пратеници да ги, ако имаат забелешки, дадат на тие закони, доколку немаат забелешки тогаш едноставно да се дозволи да тече понатамошната процедура, бидејќи сето тоа влијае на унапредување на системот. Многу е знајачно и што скрининг процесот на крајот ќе резултира со извештаи кои што се однесуваат на сите поглавја вклучително и на поглавјето на владеењето на демократијата, владеењето на правото и тука ќе можеме да ги видиме точно сите терени кои што ќе треба да бидат исполнети во континуитет пред нас, истакна премиерот.

Прашан за уставните измени, тој додаде дека многу пати истакнал дека уставните измени во делот на вклучување на други делови од народи во Преамбулата во нашиот Устав е една од одлуките за кои што е потребно двотретинско мнозинство до пристапувањето на полноправно членство во ЕУ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира