Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Резултатот е разочарувачки, следува отчетен Конгрес и нови внатрепартиски избори

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната прес-конференција изјави дека „денешниот резултат е разочарувачки и на СДСМ му е зададен тежок удар“.

Ковачевски честиташе на победата на ВМРО ДПМНЕ и на Гордана Силјановска Давкова и им се заблагодари и на Пендаровски и на гласачите на СДСМ.

„Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание. Им посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и европската иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова на републиката и се надевам и посакувам функцијата да ја извршува во согласност со дадените“, истакна Ковачевски.

Тој рече дека покажале дека се државотворна партија, и дека не ги бојкотирале претседателските избори и оти докажале дека Македонија им е поважна,односно дека овозможиче да има цензус на изборите за претседател.

„Денешниот резултат е разочарувачки, детално ќе анализираме и ќе го бараме изворот и причините за овој поразителен исход. Јас и раководството имаме одговорност, а СДСМ треба добро да размисли што направивме во последните четири па и седум години што е тоа што треба да направиме да ја вратиме довербата“, рече Ковачевски.

Повикувам на нови внатрепартиски избори на сите партиски тела почнувајќи од претседателот на партијата, раководството, па се до претседателите на ОО и сите органи на партијата, рече вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

„Органите на партијата ќе одлучат прецизно за времето и начинот на спроведување на овие постапки. Тој процес не смее да биде долг, ниту брз или експресен. Тој процес на длабока внатрешна промена и консолидација можат да го изведат само оние кои се спремни да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата во државата, оние кои немаат багаж од било каков вид, особено не карактеристики поради кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција“, порача Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира