Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Со предлогот за нова национална стратегија до 2050, Мицкоски купува нови шест години

Пред неколку дена Мицкоски најави стратегија до 2050 година, а ние денес, 120 пратеници, се согласуваме за развојна стратгегија во која учествуваа сите. Имаме повик до, условно кажано, опозицијата, да учествува во изготвување на стратегија до 2050 година. Дали се тоа дополнителни шест години?, праша Ковачевски, на денешната седница на која пратениците со 70 гласови „за“, еден против и ниту еден воздржан, ја донесе Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година.

На тоа Лашковска реплицираше, изразувајќи жалење што Ковачевски се обидува да го злоупотреби, како што рече, повикот на премиерот.

-Жал ми е што се обидувате да го злоупотребите повикот на Мицкоски, односно да го однесете во друга насока. Станува збор за сосема различен документ. Ве повикуваме да учествуавте во неговото изготувуање. Стратегијата ќе се однесува на сосема други приоритети кои не ги опфаќа НРС и кои вие како влада ги прескокнавте, рече Лашковска. 

Ковачевски кусо одговори дека само прашал.

-Дадовте одговор кој ќе треба да се преслуша уште два пати за да се дојде до суштината што ќе се прави наредните години. Ова е целосно инклузивна стратегија и се надевам дека предложената од Мицкоски ќе биде целосно инлузивна како оваа, рече Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен