Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Уставните измени се дел од исполнувањето на преговарачката рамка, изборите ќе бидат редовни, датумот ќе го договориме

“Оваа тема беше дел од работната група за уставни измени формирана за да ги изработи уставните измени согласно со обврската која што ја имаме од преговарачката рамка. Уставните измени се носат заради исполнување на нашиот дел од преговарачката рамка, со оглед дека во преговарачката рамка има одредби кои што треба ЕУ да ги исполни и кои што ги исполнија“, истакна Ковачевски во одговор на новинарското прашање.

Тој додаде дека во межувреме се одржа првата меѓувладина конференција, македонскиот јазик веќе е дел од јазиците во ЕУ, се потпиша договорот Фронтекс и веќе  е закажана втората меѓувладина конференицја.

„Она што се однесува до нас треба ние да го направиме во парламентот и затоа и уставните измени предложени и усвоени на комисијата за уставни прашања со мнозинство гласови и со утврден дневен ред на парламентарната пленарна сесија се заради исполнување на условот во преговарачката рамка“, потенцираше Ковачевски.

 „Сѐ што е надвор од преговарачката рамка секако дека претставува тема на дискусија во рамки на поширок политички дискрус со оглед на тоа дека се работи за прашања од коишто дел од нив се регулирани и со Охридскиот рамковен договор и за што секако дека ќе треба да има поголема вклученост на сите политички партии. Но тие не се поврзани со преговарачката рамка, иако секое прашање поставено од политички партии кои што претставуваат граѓани по своја дефиниција е секогаш легитимно“, заклучи Ковачевски.

„Прво јас кажав во експозето кога станав  претседател на Владата  на 16-ти јануари минатата година дека Северна Македонија ќе има редовни избори. Датумот на изборите е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти, а не помеѓу две политички партии бидејќи секогаш и изборниот закон во државата и оддржувањето на изборите се прави согласно со закон, согласно со устав согласно со мандати“, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

„Значи време има, политичка волја има, избори ќе има, тие ќе бидат редовни, а кога ќе се одржат ќе биде договорено. До тогаш сѐ е на ниво на желби, на ниво на шпекулации, а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби ни на ниво на шпекулација“, рече премиерот Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен