Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски за Канал 5: Никој не беше оставен сам, имаме 2,6 милијарди евра поддршка за граѓаните и за компаниите

„Во најголемата економска и енергетска криза предизвикана од војната во Украина којашто не можеше никој да ја предвиди, а се појави само после еден месец во мандатот, успеавме да обезбедиме најголем пакет на антикризни мерки во регионот. Кажав дека никого нема да оставиме сам. Кога сите скептици кажуваа дека ќе останеме без струја и дека ќе има ценовен шок, го зголемивме за 45% производството на електрична енергија и обезбедивме 100% електрична енергија за граѓаните и за малите компании, и за болниците и за училиштата 90% субвенционирана цена на електрична енергија. Во време на најголема криза имаме 2,6 милијарди евра финансиска поддршка за граѓаните и за компаниите“, изјави вечерва претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во „Само Интервју“ на Канал 5.

Премиерот Ковачевски, во интервјуто за Канал 5 истакна дека е обезбедено поволно финансирање на државата преку нов аранжман од Светска Банка од нови 650 милиони долари со што вкупната финансиска поддршка изнесува 1 милијарда долари.

Зборувајќи за постигнувањата на Владата, премиерот Ковачевски потенцираше дека досегашната Влада воведе методологија за раст на пензиите, методологија за раст на минималната плата и дека ги зголеми пензиите и просечната плата за 50%, а минималната плата за 100%.

Премиерот Ковачевски во интервјуто нагласи дека и од техничкиот премиер очекува да го задржи сегашниот курс на Владата.

„Сметам дека претседателот на Собранието има доволно искуство државата да ја води согласно со визијата која што ја имаат за државата, да го задржи стратешкиот правец како земја членка на НАТО и земја која што преговара со ЕУ, и да се грижи за граѓаните така како што јас и мојата Влада се грижевме со анти-кризни мерки, со зголемување на пензии, доделување на плати, најголемо ниво на инвестиции во историјата на државата, отворање на нови 10 илјади работни места, најголема поддршка на домашни компании, над 919 компании се поддржани со над 100 милиони евра, да го продолжи тоа и секако да спроведе демократски и слободни избори“, рече премиерот Ковачевски во вечерашното интервју за Канал 5.

Зачлени се на нашиот е-билтен