Крај на ерата на Гугл, доаѓа ChatGPT Atlas

OpenAI влезе на пазарот на прелистувачи со „ChatGPT Atlas“ – апликација за macOS во која асистентот ChatGPT е дел од самиот интерфејс. Корисниците добиваат странична лента што може да сумира страници, да споредува податоци, да пополнува формулари, да прави резервации и да води контекстуален дијалог со содржината на која прегледуваат. Компанијата најави верзии за Windows, iOS и Android.

OpenAI наведува дека Atlas стартува глобално за сите ChatGPT нивоа (Free, Plus, Pro и Go) на macOS, додека бизнис-корисниците добиваат бета пристап. Клучна новина е „Agent mode“ – режим во кој асистентот може самостојно да извршува задачи на вебот, како патни истражувања или онлајн-куповни, засега во преглед за претплатници. Постои и можност за увоз на лозинки, обележувачи и историја за брза миграција од друг прелистувач.

Лансирањето отвори и прашања за приватност. OpenAI вели дека корисниците по дифолт не придонесуваат со податоци за дообука на моделите и дека „browser memories“ може да се исклучат. Критичари предупредуваат дека Atlas агресивно нуди активирање на мемории и „Ask ChatGPT“ на сите страници, што отвора дебата за обемот на следење при секојдневно пребарување.

Технолошките медиуми го оценуваат потегот како директен удар врз доминацијата на Chrome, во момент кога повеќе играчи тестираат „AI прелистувачи“. Извештаите нотираат дека Atlas е бесплатен за користење, но дел од агент-функциите остануваат зад претплата, а пазарниот одговор на Google и другите конкуренти ќе биде следната клучна етапа.

Зачлени се на нашиот е-билтен