Фришопот што се наоѓа помеѓу граничните премини Евзони и Богородица повеќе не им нуди евтини цигари на своите клиенти.
Полиците на кои претходно беа изложени цигари „Оме“, „Паркер и Симпсон“ и „Гламур“, а кои се продаваа по цена од околу 13,5 евра по пакување, или две пакувања по промотивна цена од 24 до 26 евра, се целосно празни, објавуваат медиумите.
Голем број македонски, но и српски граѓани, враќајќи се од Грција со години во овој фри шоп купуваа поевтини цигари, но сега таму може да се купат цигари со значително повисоки цени, односно со цени слични на оние во продавниците
Вработените во фришопот велат дека немаат официјална информација дали овие марки цигари во блиска иднина повторно ќе бидат во продажба, иако беа едни од најпродаваните. Дури и ако повторно бидат во продажба, тешко дека ќе бидат по истите цени.
При влегување во земјата, македонските граѓани можеа да внесат паковка со по 200 цигари, без царина и акцизи. При влегување во Грција, односно при влегување во земјите од ЕУ, македонските граѓани можат да внесат само една кутија цигари, додека жителите на земјите-членки на ЕУ можат да внесат 200 цигари.
Секое надминување на ограничувањето се смета за шверц. Лимитите и дозволените количини по патник редовно се објавуваат на официјалната веб-страница на царината.