Од јуни 2026 година, граѓаните на Црна Гора и Албанија ќе можат да користат мобилни услуги во Европската унија по истите цени како во својата земја — без дополнителни трошоци за роаминг. Истото ќе важи и за патниците од земјите на ЕУ кои ќе патуваат во Црна Гора и Албанија, што значи дека разговорите, пораките и користењето интернет ќе бидат наплатени по домашни тарифи.
Оваа мерка е дел од пошироката европска иницијатива за економска интеграција на Западен Балкан, со цел укинување на бариерите и намалување на трошоците за комуникација во регионот. Покрај тоа, двете земји веќе се приклучија кон европскиот систем за плаќања SEPA, што овозможува побрзи и поевтини меѓународни трансакции. Преговорите за приклучување кон европскиот роаминг пазар продолжуваат и со останатите земји од регионот, меѓу кои и Украина.