Крал Чарлс Трети по нападот со нож во возот во Англија: „Ужаснат сум и шокиран“

Кралот Чарлс Трети изјави дека е длабоко потресен по нападот со нож во воз во источна Англија, при што беа повредени најмалку десет лица.

„Мојата сопруга, кралицата Камила, и јас сме апсолутно ужаснати и шокирани од овој страшен напад. Длабоко сочувствуваме со сите погодени и нивните најблиски,“ наведе британскиот монарх во соопштение објавено на социјалните мрежи.

Полицијата го исклучува тероризмот како мотив

Британската полиција соопшти дека во оваа фаза не постојат индиции дека нападот бил терористички акт.

„Во моментот ништо не укажува дека станува збор за терористички инцидент,“ изјави Џон Лоулес, шеф на британската железничка полиција.

Две лица се уапсени под сомнение за обид за убиство – 32-годишен и 35-годишен британски државјанин, од кои едниот е со карипско потекло.

Девет лица во критична состојба

Во нападот се повредени десет патници, од кои девет се со повреди опасни по живот.

Инцидентот се случил во возот Донкастер – Лондон Кингс Крос, кој бил принуден да застане на станицата Хантингтон, за да може полицијата да интервенира.

Станицата Хантингтон се наоѓа во близина на универзитетскиот град Кембриџ, околу 120 километри северно од Лондон.

Зачлени се на нашиот е-билтен