Кражба сред бел ден во гостиварско: Жена украла злато вредно 9.000 евра, полицијата ја уапси за неколку часа

Кочани

Полициски службеници од Полициското одделение Галате вчера ја лишиле од слобода 45-годишната М.С. од селото Калиште, гостиварско, под сомнение дека извршила тешка кражба во семејна куќа во регионот.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила на 22 декември во утринските часови во селото Градец, во домот на Х.А. (49). Осомничената, искористувајќи ја невнимателноста, од куќата одзела поголема количина златен накит, чија вредност се проценува на околу 9.000 евра.

По брзата интервенција на полицијата, осомничената била пронајдена и уапсена во селото Добридол околу 10 часот истиот ден. Украдениот накит бил целосно пронајден и вратен на сопственичката.

М.С. е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен