Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кремљ: Руските избори треба да се одржат според планираното без оглед на војната во Украина

Кремљ смета дека руските претседателски и парламентарни избори треба да се одржат според планираното без оглед на војната во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Поаѓаме од изјавата на претседателот Путин во која тој ја нагласи потребата да се почитуваат сите барања на демократијата, уставот и, согласно тоа, одржување на овие избори“, рече Песков за руска новинска агенција.

Тој реагираше на коментарите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, близок сојузник на Путин, кој во саботата рече дека Русија или треба да ги одложи претседателските избори поради војната во Украина или да дозволи само еден кандидат – Путин.

Следните претседателски избори Русија треба да ги одржи во 2024 година, а следните парламентарни избори во 2026 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен