Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кремљ: Такер Карлсон го интервјуираше Путин

– Американскиот новинар Такер Карлсон го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, потврди Кремљ.

Карлсон синоќа ги објави своите планови за интервју со рускиот претседател. Видео најавата до вечерва ја погледнаа повеќе од 85 милиони корисници на платформата X.

Во видео пораката, Карлсон вели дека го интервјуирал Путин „бидејќи тоа е наша (новинарска) работа“.

– Ние сме новинари и наша должност е да ги информираме луѓето, рече тој и додаде дека интервјуто ќе биде објавено „немонтирано“ на неговиот профил.

Тој додаде дека „ниту еден западен новинар не се потрудил да го интервјуира Владимир Путин, претседател на втората земја вклучена во овој конфликт“, и оти „повеќето Американци немаат поим зошто Путин ја нападна Украина или кои се неговите цели“.

Руските државни медиуми денеска опширно ја покриваа посетата на Карлсон.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска потврди дека интервјуто веќе е направено, но не кажа ништо за тоа кога треба да биде објавено.

Зачлени се на нашиот е-билтен