Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кремљ тврди дека Вашингтон ја провоцира Украина да ја продолжи војната

 Кремљ соопшти дека посетата на Украина на заменик-државниот секретар на САД, Викторија Њуланд е провокација со цел продолжување на војната, јави ДПА.

-Американците прават така за Украинците да чувствуваат поголема болка, Американците прават повеќе Украинци да умираат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на руската државна телевизија „Русија-1“.

САД директно се вклучени во конфликтот и се повеќе се заплеткуваат во него, додаде Песков, кој истовремено изрази уверување дека тоа нема да го промени исходот од војната.

Москва постојано го обвинува Западот за поддршката што му ја дава на Киев за одбивање на руските напади и тврди дека тоа е и причината за многубројните жртви, забележува ДПА. 

Зачлени се на нашиот е-билтен