Грчката полиција успеала да разоткрие криминална група што издавала нелегални градежни дозволи и примала мито за побрзи услуги на Халкидики.
Уапсени се 21 лице, меѓу кои и поранаешен градоначалник, инженери и вработени во канцелариите за урбанистичко планирање, а биле пронајдени и еден милион евра, објавија грчките медиуми.
Медиумите пишуваат дека акцијата не е финализирана и не се исклучува можноста да има и нови апсења од проширената истрага.
Досега истрагата траела најмалку шест месеци и ги опфатила секторите за урбанистичко планирање на Синтонија и Пропонтида на Халкидики.
Случајот почнал да се истражува по пријава од инженер во однос на процесот на издавање урбанистичко-плански дозволи.