Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кристерсон: На Шведска и на ЕУ им е потребна подобра контрола на границите

 На Шведска и на Европската унија им треба подобра контрола на границите, а земјата треба да ја подобри својата безбедност, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Разбирам дека многу Швеѓани се исплашени и лути. Сега е момент да се подобри безбедноста, не можеме да бидеме наивни“, рече Кристерсон по убиството на двајца Швеѓани во Брисел

По нападот во Брисел, шведското контраразузнавање СЕПО ја задржа непроменета оценката за заканите по безбедноста на земјата. Заканите се променија и се зголеми опасноста од напади на исламските екстремисти, нагласи канцеларијата, која е одговорна и за борба против тероризмот.

„Ситуацијата е сериозна и СЕПО верува дека така ќе остане подолг период“, се вели во соопштението.

Шведска го подигна нивото на тревога за потенцијален терористички напад до втор највисок степен, откако во земјата беше запален примерок од Куранот и беа извршени други дејствија во врска со светата книга на исламот. Тие ги налутија муслиманите ширум светот, а џихадистите упатија закани.

„СЕПО одржува блиски контакти со белгиските власти и им помага во нивната работа“, рече шефицата на контраразузнавањето Карлоте фон Есен. 

Зачлени се на нашиот е-билтен