Кристина Крамер и Роли Грау ја освоија меѓународната награда „Драги“ за превод на Ацо Шопов

Атмосферата на доделувањето на меѓународната награда „Драги“ 2025 беше исполнета со возбуденост и почит кон лауреатите Кристина Е. Крамер и Роли Грау, кои добија признание за преводот од македонски на англиски јазик на книгата „Долго доаѓање на огнот“ од Ацо Шопов. Нивниот превод беше оценет како мајсторски спој на поетска инспирација и филолошка прецизност, пренесувајќи ја целата лепеза на поетскиот израз на Шопов – од космичките визии до интимната еротика и од документарната природа на набљудувањето до топлината на татковската грижа.

Преводот доживеа широка и импресивна рецепција, со јавни презентации во Париз (UNESCO, INALCO), Струшки вечери на поезијата, Токио, Торонто и други светски културни центри, како и бројни рецензии и критики во САД, Канада и Европа. Особено вредна е фактот што преводот беше избран од EuropeNow за една од “Омилените книги во превод за 2023 година”. Понатаму, преводот инспирираше и современи музички композиции на канадскиот композитор Мајкл Спиров, што претставува ретка форма на културна интеграција и влијание.

Доделувањето на оваа престижна интернационална награда „Драги“ за првпат се случи во Охрид, во рамки на XII. македонско-северноамериканска конференција за македонистика, создавајќи посебен културен и академски настан.

Зачлени се на нашиот е-билтен