Основниот кривичен суд Скопје ги известува сите граѓани кои имаат поднесено барање за издавање на потврда или уверение од казнена или кривична евиденција, како и барање за уверение за забрана за вршење професија/дејност, заклучно со петок, 11 јули 2025 година, дека истите веќе им се изготвени и можат да си ги подигнат.
-В. Д. претседателката изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која заради зголемениот број на барања се чекаше подолг период, се вели во соопштението од Кривичен суд.