Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кривични пријави за бугарскиот ТОЕФЛ центар кајшто полагал Бојан Христовски

Во април обвинителството во Велес поднело кривична пријава против велешанка за лажен ТОЕФЛ сертификат, кој бил од истото место каде што полагал и новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

М.В. станала директорка во општинска јавна установа за деца и иако знаела дека сертификатот за познавање на англиски јазик бил со невистинита содржина таа ја употребила при вработувањето.

Таа добила кривична пријава за користење на лажен сертификат, а дека ТОЕФЛ сертификат од училиштето за странски јазици во Пловдив во Бугарија добил тврди и Христовски.

За ова реагираше и опозициската СДСМ, која тврди дека во Пловдив не постои центар за тестирање за ТОЕФЛ.

„Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање“ реагираа од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново