Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Кртот“ кој го чува Груби е секогаш два чекори пред власта

Пред дваесеттина дена Стејт департментот ја објави подновената „Црна листа “ со поранешниот висок функционер на ДУИ, Артан Груби и судијата од Апелација, Еневер Беџети. Оттогаш се случија низ настани за кои власта секогаш беше два чекори зад, бегалецот Груби. Првиот полицаец Панче Тошковски, во неколку наврати кај јавноста се обиде да издејствува „поени“, за полициската акција откривајќи како и на кој граничен премин Груби ја поминал границата. Во меѓувреме од МВР, распишаа и меѓународна потерница, но од таму до сега не кажаа каде е Груби.

И Обвинтителството сеуште нема информација каде се крие поранешниот вицепремиер Груби. Во меѓувреме државниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека “кртот’ кој ја проби истрагата за Државна лотарија не од обвинителството.  Коцевски тврди дека акциите се „пробиваат“ во завршна фаза и дека и обвинителството го бара поткажувачот. Обвинтителството сеуште нема информација каде се крие поранешниот вицепремиер Груби. Во меѓувреме државниот обвинител Коцевски тврди дека “кртот’ кој ја проби истрагата за Државна лотарија не од обвинителството. 

„Кртот“ кој на криминалците им пренесува информации за акциите за апсења не е во обвинителството, тврди републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, откако непосредно пред да биде уапсен, побегна поранешниот вицепремир Артан Груби, а пробиена беше и акцијата за апсење на членови на криминалната група Беланцона“, вели Коцевски во интервјуто за Радио слободна Европа.

Коцевски рече дека соработката со МВР е добра, дека неколку пати имало средби меѓу ЈО кој го води предметот и полициските службеници од МВР.

„Се даваа насоки, се укажуваше на одредени дејствија кои евентуално треба да се прибават така што се водеше предистражна постапка и во текот на таа предистрага ЈО даде наредба за мерката стоп, што значи дека во тој момент ЈО не можеше да даде друга евентуална наредба за построга мерка со оглед дека се уште беше во фаза на предистражна постапка. Од страна на Финансиската полиција и од страна на МВР има две пријави со тоа што ЈО постапи по истите, оформи предмет и ги презема сите дејствија со тоа што даде наредба за претрес кај сите потенцијални осомничени и тој претрес се изврши меѓутоа во моментот на вршењето на претресот Груби не беше во државата. Иста е состојбата и кај другиот осомничен Перпарим Бајрами“, рече Коцевски.

Коцевски вели дека се собираат докази и за второто дело на Груби, она за кое беше ставен на црната листа на САД – за влијание врз судии за да застари предметот „Таргет Тврдина“.  Коцевски тврди дека акциите се „пробиваат“ во завршна фаза и дека и обвинителството го бара поткажувачот.

Од СДСМ бегството на Груби го лоцираа кај министерот за внатрешни работи Тошковски.

„Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи. Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби“, велат од опозициската партија. 

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека спасоте се во длабоките „реформи“ во судството, наводно поради врските на поранешната власт со обвинителството и судството.

Иако во јавноста се слушна дека како земји спасителки на Груби, можеби се Косово или Албанија, потврда од тамошните власти се уште нема.

Зачлени се на нашиот е-билтен