Крушево му оддаде почит на Тоше: ученици ги обоија скалите во „пијано“

Крушево вчера блескаше со детска искреност и креативност. Во рамки на настанот „Пијано за Тоше“, ученици од основното училиште ги обојаа градските скали во бела и црна боја, создавајќи симболично „пијано“ што ја слави музиката и делото на Тоше Проески.

Гестот е емотивна порака дека љубовта и сеќавањето на Тоше живеат низ генерациите и продолжуваат да инспирираат добрина, хуманост и заедништво. Благодарност е упатена до наставниците Емил и Надица, до учениците и сите кои помогнаа уметничката инсталација да стане дел од градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен