Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кубанските власти апсат активисти кои протестирале против прекините на струја

Владата на Куба објави дека уапсила одреден број на луѓе кои организирале демонстрации по ударот од ураган кој го остави островот без струја.

Уапсените се товарат со „дела на агресија врз властите и територијалните инспектори, нанесување повреди и вознемирување на јавноста“.

Ураганот Рафаел ги остави жителите на Куба без струја во средата откако го погоди западниот дел на карипскиот остров со 10 милиони луѓе како голема бура од трета категорија.

Тоа се случи само две недели по ураганот Оскар, кој остави осум мртви на истокот од островот за време на националниот прекин на електричната енергија предизвикан од дефектот на најголемата електрана на островот и недостигот на гориво.

Владата рече дека половина од жителите на Хавана сега повторно имаат струја, но голем дел од главниот град и соседната провинција Артемиса немаат.

Групата за човекови права наречена Justicia 11J соопшти дека повеќе од 10 лица се уапсени во Гуанабакоа, предградието на Хавана.

„Прогонот на луѓето во главниот град продолжува“, пишува на платформата на социјалните мрежи X. Се вели дека уапсените дејствувале мирно на протестите што самата група ги документирала.

Невладината организација Кубалекс со седиште во Мајами во петокот соопшти дека осум лица се уапсени во Енкруцијада во централна Куба.

Куба со месеци трпи повеќечасовни прекини на струја и се наоѓа во најтешката економска криза од распадот на клучниот сојузник Советскиот Сојуз во раните 1990-ти — обележана со зголемената инфлација и недостиг на основни добра.

Електричната енергија на островот се произведува од осум застарени електрани на јаглен, од кои некои се расипани, како и седум пловечки централи изнајмени од турски компании и сплав генератори на дизел.

Со зголемена загриженост за нестабилност, претседателот Мигел Дијаз-Канел предупреди дека неговата влада нема да толерира обиди за „нарушување на јавниот ред“.

На 11 јули 2021 година, илјадници Кубанци излегоа на улиците низ островот извикувајќи „Гладни сме“ и „Слобода!“ во редок предизвик за власт.

Според мексиканската Justicia 11J, повеќе од 1.500 луѓе биле уапсени по тие протести, од кои 600 се уште се во затвор.

Некои добија затворски казни до 25 години.

Други спорадични протести се случија во последните три години, кои избувнаа поради прекини на струја и други потешкотии.

Генералното собрание на ОН минатата недела го обнови својот долгогодишен повик до Соединетите Амаерикански Држави да го укинат шестдецениското трговско ембарго на островот.

Зачлени се на нашиот е-билтен