Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кукла – робот која предупредува на лажни вести е поставена пред ГТЦ


Центарот за современи уметности (ЦАЦ) пред ГТЦ во Скопје постави т.н. Кукла робот кој предупредува на лажни вести. Преку оваа интерактивна акција публиката директно се предупредува за постоењето и намерата на лажните вести, а куклата робот го објаснува начинот на кој тие се презентираат и влијаат на јавноста.

„Центарот за современи уметности директно користејќи ја уметноста и уметничкиот израз активно се вклучува во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги граѓаните кон погрешни заклучоци. Самото ументичко дело односно куклата во своето обраќање до публиката потенцира дека лажните вести се креираат со цел да ја дезинформираат јавноста и да ги наведат луѓето на погрешни заклучоци кои влијаат на однесувањето на јавноста, водат кон поларизација на општеството со цел да се предизвикаат поделби и конфликти, ширење паника и намалување на довербата во медиумите. Куклата робот исто ги предупредува граѓаните и дека лажните вести се користат и за политичка манипулација и влијание врз јавното мислење“, велат од Центарот.

Интерактивната инсталација е развиена во соработка со младиот уметник Озбек Ајваз. Таа се состои од кукла кој има вградени интерактивни сензори и звучници преку кои куклата ни ја раскажува приказната како да се заштитиме од лажните вести и како да ги раздвоиме лажните и вистинските вести и информации.

Делото е поставено во јавен простор во центарот на градот на влезот на ГТЦ од страната на плоштадот, а во наредниот период ќе биде поставено и на други фреквентни локации каде минувачите ќе имаат можност за кратка интеракција со делото.

Најново