Методија Куновски е новиот лидер на општинската организација на СДСМ во Битола, јави локалната телевизија „Тера“. Со решение на претседателот на партијата Венко Филипче деновиве е назначен за претседател. Тој доаѓа на местото на доскорешниот прв човек на битолските социјалдемократи, Драган Крајовски.
Куновски ја следеше седницата на Советот, а во изјава за „Тера“ рече дека ќе работи на креирање политики кои се изворно социјалдемократски.
„Дојдов да видам чисто како функционира тоа, за во иднина да бидеме многу поспремни за креирање на политики кои се изворно социјалдемократски“, изјави Куновски по седницата, на којашто, како што појасни, присуствувал како што може да присуствува и секој граѓанин на Општина Битола.
Тој вели дека ќе се потруди креирањето на политиките да биде согласно сите тела на партијата, соодветни комисии, како и стручни лица и експерти, кои ќе учествуваат во процесите за да нема впечаток во јавноста дека се случуваат политички пазарења.
-Апсолутно тврдам дека во иднина, додека сум јас претседател дека нема да биде случај да се зборува во јавноста дека има политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ во Советот во Битола, вели Куновски.