Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти: Ако меѓународната заедница не ја казни Србија, злосторството може да се повтори

Косовскиот премиер Албин Курти го повика меѓународниот фактор да ја санкционира Србија по вооружениот напад во Бањска и Звечане во неделата, порачувајќи дека, доколку тоа не се случи, таа може да го повтори злосторството, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање на денешната седница на Собранието на Косово, Курти рече дека вооружените напаѓачи кои избегаа од Бањска во Србија треба да им бидат предадени на косовските институции за спроведување на законот.

– Во неделата доживеавме агресивен напад на криминалните и терористичките банди на Србија, не само против полицијата, туку и против државата, поредокот на нашата Република. Беше тежок ден за нашата земја. На полицијата ќе и недостасува посветен член. Но, неговото убиство се претвори во зголемена посветеност за борба против терористичките банди и победа во битката против нив. Терористите или се убиени, или уапсени, или се гонат по бегството, рече Курти.

Тој, исто така, побара од сојузниците на Косово да ги прогласат нелегалните организации на косовските Срби, „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“, за терористички.

– Во неделата се виде дека ниту една банда не може да ја победи нашата полиција. Вооружениот напад ги наруши територијалниот интегритет, суверенитет и националната безбедност. Напаѓачите кои избегаа мора да бидат екстрадирани, предадени на нашите власти. Организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ треба да бидат прогласени за терористи и од нашите сојузнички земји, како што тоа го направи Владата, рече Курти.

Нагласувајќи дека целото конфискувано оружје е на Србија и доаѓа од Србија, Курти порача дека „за овој чин, Србија треба да биде меѓународно санкционирана, а ако остане неказнета, ќе го повтори делото“.

Според него, обвинувањето на Србија е неизбежно, дури и за оние кои не сакаат да видат и слушнат.

– Србија им даде воена опрема, изврши борбена обука. Ова не започна во неделата на 24 септември. Ни киднапираа тројца полицајци во Лепосавиќ. Имавме три недели барикади во декември минатата година. Нападите во Звечан оставија многу повредени. Сето ова покажува дека имавме хроника која предупредуваше за убиството на нашиот херој Африм Буњак“, рече Курти.

Тој порача дека војната против криминалот на Србија ќе триумфира со победа на Косово.

Денешната седница на Собранието на Косово започна со едноминутен молк во чест на полицаецот Африм Буњаку, кој беше убиен на 24 септември во Бањска.

По консултација со пратеничките групи, бече одлучено пратениците да предложат „предлог-резолуција во врска со казнувањето на терористичкиот напад“, што беше усвоено. 

Зачлени се на нашиот е-билтен