Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти со повик до малцинските заедници да се пријавуваат за работа во јавните институции

 Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика припадниците на немнозинските заедници во земјата „да се вклучат активно во јавниот, покрај во општествениот живот“ и да се пријавуваат на отворените повици за вработување во јавните институции во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку видео порака на својата официјална страница на Фејсбук, Курти апелира до припадниците на малцинствата да ги пријавуваат бирократските пречки или дискриминацијата.

– За еднакви можности, да ја шириме еднаквоста, порача Курти покрај објавата дека Владата формирала меѓуинституционален тим за унапредување и вработување на недоволно застапените заедници, со цел „исполнување и почитување на квотата од 10 отсто како што е предвидена со косовските закони“.

Косовскиот премиер информира дека неговата Влада, заедно со организацијата „Гласот на Ромите, Ашкалите и Египќаните“ започна кампања со цел да ги повика сите млади мажи и жени од тие заедници да бидат активно вклучени во јавниот живот.

– Од средбите, разговорите и редовните интеракции со војниците на Безбедносните сили на Косово, на косовската полиција, државните службеници и медицинскиот персонал од редовите на немнозинските заедници, секојдневно ми се јакне уверувањето за суштинскиот придонес што го тие имаат за државата, републиката и нашето општество, порача Курти. и

Зачлени се на нашиот е-билтен