Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти: Среќни сме што специјалците се враќаат кон семејствата

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска потврди дека тројца членови на Косовската специјална полиција, кои претходно беа уапсени од српската полиција, се ослободени од притвор.

– Потврдуваме дека тројцата киднапирани полицајци се ослободени. Иако сме среќни што се вратија кај семејствата, ова киднапирање е сериозно кршење на човековите права и мора да биде опоменати. Агресијата на српската страна мора да се смета за одговорна, напиша Курти на Твитер.

Претходно денеска Судот во Краљево го потврди обвинението против тројца членови на косовската специјална полиција, кои беа уапсени на територијата на Србија на 14 јуни и ќе се бранат од слобода, јавија српските медиуми. 

Зачлени се на нашиот е-билтен