Курти: Во текот на следната година на Косово уште 600 војници и 500 полицајци

  Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се очекува во текот на следната година во Косово да има уште 600 војници и 500 полицајци.

Курти рече дека во 2024 година уште 600 војници и 500 полицајци ќе учествуваат во спроведувањето на, како што рече, законот и уставноста, за одбрана и безбедност на Косово, јавија косовски медиуми.

„Кажете им на сите активисти и граѓани дека нема да можат да не спречат ниту на југ ниту на север“, рече Курти на партискиот состанок на движењето Самоопределување. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира