Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти: За три години ги удвоивме странските инвестиции во Косово

 Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата цел е да привлече директни странски инвестиции за да донесе квалитетно вработување и висока вредност, додавајќи дека инвестициите во изминатите три години, од кога е тој на власт, се видно зголемени, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешниот прв состанок на Националниот совет за економија и инвестиции, Курти рече дека во последните три години странските директни инвестиции се удвоени, а исто така и извозот.

– Имаме намера да привлечеме странски директни инвестиции кои носат висока вредност и квалитетно вработување на нашите граѓани. Во овој поглед, нашата Влада изгради добра основа за понатамошни подобрувања. Само во последните три години странските директни инвестиции се удвоени, но и извозот, рече Курти.

Според соопштението од неговиот кабинет, косовскиот премиер изјавил дека односот меѓу извозот и увозот е зголемен од речиси 1 спрема 9 колку што бил претходно, на дури и подобро од 1 спрема 6.

– Продолжувањето на ова успешно патување бара непоколеблива посветеност. Таква е нашата посветеност на деловното опкружување кое не само што го олеснува и поттикнува работењето на претпријатијата дома и во странство, туку и поттикнува иновации и конкуренција, рече Курти.

Косовскиот премиер изјави дека неговата влада со интервенциите во законодавството создала еднаков амбиент за сите за инвестиции.

– Ја поставивме како висок приоритет реформата на правната и регулаторната рамка, да се минимизира административното оптоварување и да се обезбеди еднаков амбиент за сите. Ова вклучува фискални стимулации за клучните сектори и инвестиции во инфраструктурата и образованието, за да се подготви работната сила на Косово за идните предизвици. Нашата влада се фокусираше на поврзување на пазарот на труд со образованието и стручното усовршување, рече Курти.

Зачлени се на нашиот е-билтен