Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска денеска го пренесе партискиот став во врска со постајаните предвидувања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека на овие ликални избори ќе извојуваат победа. Според Кузевска, тоа се должи токму на незивесноста, бидејќи рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е во контиуиран пад.

„Бидејќи и вака се пласира од страна на претставници од највисокиот врв на партијата, дефинитивно тоа покажува дека тие воопшто не се сигурни во апсолутна победа и дека знаат точно граѓаните што гледаат, што чувствуваат. Свесни се дека нивниот рејтинг паѓа и свесни се и дека сето она што го ветија не го исполнуваат пред граѓаните, па сега се служат со едни популистички наративи со коишто наводно ќе кажуваат во јавноста како тие се апсолутните победници. Гледаат дека СДСМ е организирана партија, дека СДСМ сериозно се подготвува за локалните избори и дека навистина ќе ги понуди пред граѓаните најквалитетните кандидати коишто ги има во своите редови, рече денеска портпаролаката Кузеска во одговор на новинарско прашање.

Според опозициската СДСМ, не е ништо ново ВМРО-ДПМНЕ, да ги лаже граѓаните, бидејќи тоа го правеле и во минатото.

„Ние постојано слушаме од ВМРО-ДПМНЕ, ако се вратиме во минатото, ги лажеа и граѓаните дека Европската унија ќе се распадне. Сега ги слушаме повторно со некакви прогнози, дека ќе се распадне партијата. Што повеќе гледаат дека СДСМ нуди квалитет и дека ќе понуди кандидати коишто навистина се квалитетни и ќе работат за интересите на граѓаните, како што, впрочем, досегашните градоначалници од редовите на СДСМ го покажаа тоа — дека работат во интерес на граѓаните, така ВМРО-ДПМНЕ ја пласира оваа теза, обидувајќи се да наметне некаква слика, а точно знаат во своите редови дека работата не им е баш добра“, додаде таа.

Зачлени се на нашиот е-билтен