„СДСМ ќе биде победник на овие избори. Граѓаните се мудри и препознаваат. Без разлика што спомнавте колку протести има денеска. Тие знаат и оние кои беа излезени со сета почит кон нив, три пати им ги покачивме платите и да не не допираше сето тоа, на 9.000 денари ќе ги оставевме“, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија.
Таа потенцираше дека со СДСМ растат платите и во време на здравствена и енергетска криза. Како и дека беа донесени антикризни пакети за поддршка на граѓаните.
„Тие знаат дека со нас државата е безбедна, стабилна, носи предвидливост и иднина која што е европска. И тоа е возможно само со СДСМ. Ако се вратиме низ годините наназад,тоа го покажува и времето, а го покажуваат и фактите. 2005 година станавме земја кандидат заедно со Хрватска, во 2006 година на власт дојде ДПМНЕ, 11 години заробена држава, режим, затворени медиуми, закани, корупција на највисоко ниво и вие велите дека е најлошиот извештај на ЕК“, потенцираше Кузеска.
Таа посочи дека токму опозицијата се спомнува во извештајот.
„Постојаната поларизација на владејачките партии и опозицијата го спречува парламентот да функционира правилно. Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше работата на парламентот што беше значајна пречка за напредокот на законодавната агенда на собранието“, цитираше Кузеска.
„Коалицијата не е едноумие, туку различни мислења, а исти вредности. Она што зборува ВМРО –ДПМНЕ дека ќе коалицира со Левица која во утрински соопштенија, тврди дека се Хамас,а навечер никогаш не вели никогаш е надвор од памет. Тоа покажува дека ДПМНЕ нема коалициски капацитет“, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија.
Таа посочи дека, никогаш не вели никогаш може да има во политиката, кога станува збор за напредокот на државата.
„Сите политички партии кои коалицирале со СДСМ,заложбата им била европска унија,а на тие на кои не им била како што ги гледаме што правата во нТетово и другите општини,местото сами си го нашле.Оние кои што ги делат тие вредности, СДСМ секогаш го има капацитетот да биде со тие партии,“ истакна Кузеска.