Квалитетот на воздухот во Трубарево е во рамки на дозволените граници, уверува МЖСПП

Квалитетот на воздухот во скопското село Трубарево, по пожарот кој во саботата избувна во складиште за електронски отпад, е во рамки на дозволените граници, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Според податоците од мерните станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, просечната дневна концентрација на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во текот на вчерашниот ден изнесувала 19,7 µg/m³. Максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³, додека моменталната концентрација е 7,5 µg/m³.

„Сите досегашни мерења укажуваат дека квалитетот на воздухот е во рамки на дозволените граници“, информираа од Министерството.

Од таму најавија дека задутре ќе бидат објавени и резултатите од дополнителните анализи кои ќе покажат дали дошло до загадување на воздухот со тешки метали.

Зачлени се на нашиот е-билтен