Националната партија на Нов Зеланд (НП) ќе формира нова влада откако премиерот Крис Хипкинс, лидер на Лабуристичката партија, го призна поразот на парламентарните избори.
НП освои 40 отсто од гласовите, а нејзиниот коалициски партнер ACT (Алијанса на потрошувачи и даночни обврзници, десниот центар) девет отсто. Тоа им овозможува доволно мандати за формирање нова влада, соопшти Државната изборна комисија.
– Како што стојат работите, лабуристите не се во позиција да формираат влада, призна Хипкинс, кој веќе го повика лидерот на НП, Кристофер Луксон и му честиташе за победата.
Лабуристите освоија само 26 отсто од гласовите.
Лабуристите се на власт од 2017 година благодарение на популарната Џасинда Ардерн, која, сепак, се повлече од премиерската функција во март за да се посвети на семејството.
Оттогаш, партијата почна да ја губи популарноста, најмногу поради зголемените трошоци за живот.
Националната партија ги освои гласачите со ветувањата дека ќе ја стави под контрола историски високата инфлација и ќе го намали националниот долг.