Лагард: ЕУ да се откаже од правото на вето и да ја искористи шансата за „глобално евро“

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во колумна за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) предупреди дека Европска Унија премногу често се парализира себеси дозволувајќи им на поединечните земји-членки да ги блокираат итно потребните реформи.

– Не смее повеќе да се дозволи едно вето да им застане на патот на колективните интереси на другите 26 земји-членки, истакна Лагард, залагајќи се за почесто користење на гласањето со квалификувано мнозинство во критичните области.

Според неа „длабоката промена во глобалниот поредок“ ѝ дава на Европа можност да преземе поголема контрола врз својата иднина и да ја следи визијата на „глобално евро“.

– За еврото да го достигне својот целосен потенцијал, Европа мора да зајакне три основни столба: геополитички кредибилитет, економска отпорност и правен и институционален интегритет, истакна Лагард.

Таа, исто така, ја повика ЕУ да ја искористи својата позиција како најголем трговски блок во светот за да обезбеди нови трговски договори. 

Зачлени се на нашиот е-билтен