Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лајен: Невозможно е да се замисли ЕУ без Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан

Невозможно е да се замисли Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан да се надвор од ЕУ и да останат под руско и кинеско влијание, изјави претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната заедничка прес-конференција во Мадрид со шпанскиот премиер Педро Санчез.

– Мора да почнеме да размислуваме како овие земји да станат дел од ЕУ. Треба да размислиме како да ги донесеме овие одлуки, какви средства ќе бидат потребни. Тоа се принципиелни работи пред нас, ќе биде потребно време за да се дојде до решение, истакна Лајен.

По повод почетокот на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 1 јули таа изрази очекување дека до крајот на годината ќе бидат донесени одлуки за зголемување на помошта за Украина. Лајен истакна дека буџетот на ЕУ веќе му обезбеди на Киев дополнителни 30 милијарди евра. Според неа, до 2027 година се потребни 50

Лајен најави дека ЕК наскоро ќе предложи законски мерки за да се овозможи користење на запленетиот руски имот за поддршка на Украина.

– Важно е светот да види дека таквите страшни злосторства не можат да останат неказнети, наведе Лајен.

Таа посочи дека шпанското претседателство треба да работи на брз договор за заедничка јавна набавка на муниција за Украина. Лајен изрази надеж дека до крајот на годината или следната пролет ќе биде постигнат договор за измени на миграциското законодавство.

Премиерот Санчез како четири главни задачи за шпанското претседателство ги наведе поддршка за Украина, обезбедување на економската безбедност на ЕУ, продолжување на енергетската транзиција и миграциските прашања.

– Се надевам на мир што е можно поскоро. Ќе ја поддржиме Украина на секој можен начин на нејзиниот пат кон ЕУ. Ќе останеме со Украина до нејзината победа, изјави Санчез.

Зачлени се на нашиот е-билтен