Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ландсбергис: Императив е одредувањето датум за почеток на преговори со Украина и Молдавија

 Одредувањето датум во Европскиот совет оваа недела за почеток на преговорите со Украина и Молдавија е императив во моментов, изјави литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

„Руската агресивна војна против Украина му даде нов моментум на проширувањето на ЕУ и ЕУ не треба да ја пропушти историската шанса да ги прими Украина и Молдавија, како и Грузија, која стана кандидат во декември 2023 година“, се вели во соопштението за денешниот состанок на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).

Како што беше речено на состанокот на неколку министри за надворешни работи со европратеници во АФЕТ, ЕУ треба да го започне преговарачкиот процес со Украина и Молдавија најдоцна во јуни.

Претставниците на земјите-членки ја пофалија Босна и Херцеговина за добрата работа направена во последните дванаесет месеци на усвојувањето на европските реформи.

Состанокот се одржа во пресрет на самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 21 и 22 март, на кој лидерите на ЕУ ќе разговараат за иднината на проширувањето на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен