„Лавот никогаш не се откажува“, мислата што го водеше Publicis низ првиот век

Од едно мало креативно студио во париски Монмартр во 1926 година, до една од најмоќните комуникациски групации во светот – приказната на Publicis е приказна за лав кој никогаш не се предава. Век исполнет со пожари, војни, економски кризи и технолошки револуции, но и со бескрајна креативност, визија и човечка упорност.

Во пресрет на нивниот стоти роденден во 2026 година, Publicis Conseil – агенцијата што ја основал Marcel Bleustein Blanchet – ја создаде годишната „Wishes“ кампања која оваа година прераснува во вистинско филмско патување низ времето. Филм кој го слави духот што ја обликувал компанијата сто години: отпорот, иновацијата и вербата дека секоја криза е можност.

Комбинирајќи играна продукција и вистински актери со најновите алатки за GenAI, 2D и 3D визуелизации, Publicis успева да оживее сцени од сопствената историја – од архиви стари цел век, до целосно дигитално реконструирани моменти кои никогаш претходно не биле визуелно документирани. Четвртина од филмот е снимка во живо, а остатокот е создаден со интелигентни системи и иновативни платформи на самата Група.

Тимот составен од AI архивисти, prompt артисти и креативни директори обработи над 4.500 реални фотографии и документи за да создаде 150 уникатни кадри – процес во кој секој кадар можеше да се роди одново, повторно и повторно, сè до совршенство. Ова не е само технички подвиг, туку и јасна порака: иднината на AI е во луѓето кои ја обликуваат.

„2026 ќе биде посебна година. Ја завршуваме нашата прва стотка, во која од мал hot shop станавме најголемата индустриска група,“ вели Arthur Sadoun, претседател и извршен директор на Publicis Groupe. „Три пати се дигавме од пепелта – буквално – и уште многу пати се измислувавме одново. Тој дух на отпор е срцето на нашиот лав.“

Филмот „A Lion Never Gives Up“ не е само ретроспектива, туку и манифест. Поглед кон иднината во која технологијата и човештвото стојат рамо до рамо. Во која новиот век на Publicis почнува токму таму каде што завршува првиот – со храброст, почит и со верба дека ништо не е невозможно.

Зачлени се на нашиот е-билтен