Генералниот комесар на Палестинската агенција за бегалци (UNRWA), Филип Лазарини денеска изјави дека УНРВА најверојатно ќе нема да работи во Појасот Газа и ширум Блискиот Исток до крајот на февруари, доколку и понатаму е суспендирано финансирањето од клучните донатори.
Шеснаесет 16 земји донатори одлучија да ја прекинат финансиската поддршка по израелските тврдења дека 12 вработени во УНРВА учествувале во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври. Агенцијата оттогаш отпушти девет вработени. Истрагата на ОН за тврдењата на Израел е во тек.
УНРВА објави дека укинати се донациите во износ од 440 милиони долари.
Во Појасот Газа речиси два милиони луѓе, претежно жени и деца, зависат од засолништата, помошта во храна и примарната здравствена заштита од УНРВА.
УНРВА е најголемата организација за хуманитарна помош во Појасот Газа и 3.000 од нејзините 13.000 вработени се уште работат во услови на континуирано крвопролевање во војната меѓу Израел и Хамас.
Агенцијата обезбедува помош и за палестинските бегалци во Западниот Брег, Источен Ерусалим, Јордан, Либан и во Сирија.