Лажна бомба во авион: 26-годишен од Скопје пријавен за тероризам

МВР поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А. (26) од Скопје, осомничен за „тероризам“ по член 394-б. Според полицијата, на 16.08.2025 во 02:41 часот тој лажно пријавил дека има бомба во авион што требало да полета од Меѓународниот аеродром Скопје кон Турција. Аеродромот бил затворен неколку часа, а летовите одложени до завршување на антитерористичките проверки.

На 20.08.2025, со судска наредба, извршен е претрес во домот на осомничениот во Кисела Вода; пронајдени се предмети поврзани со настанот и лицето е лишено од слобода. Во службен разговор во полициска станица го признал делото, информира МВР. Предметот е доставен до ОЈО за понатамошно постапување.

Зачлени се на нашиот е-билтен