Леброн Џејмс со нов рекорд во НБА Лигата

Леброн Џејмс, кој е најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата, синоќа успеа да постави уште еден рекорд.

Џејмс, од денеска е играчот кој успеал да постигне најмногу шутеви од поле во историјата на НБА-лигата.

Легендарниот Џејмс во првата четвртина на дуелот против Денвер постигна кош од игра и тоа беше 15.837-ми погоден шут од поле за него, со што го надмина неверојатниот рекорд на Карим Абдул-Џабар од далечната 1989 година. Многумина веруваа дека тој рекорд на Џабар никогаш нема да биде достигнат, но 37 години подоцна се појави Леброн да ја надмине и таа магична бројка.

Претходно, во 2023 година Леброн го надмина рекордот на Џабар и по вкупноот број поени. Џабар имаше 38.387 поени, а Џејмс сега брои до 43.111 поени во НБА-кариерата.

Зачлени се на нашиот е-билтен