Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лекорну: Франција нема да исраќа војници во Украина

 Не може да стане збор за испраќање војници со цел да учествуваат во конфликтите во Украина, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну.

-Сакавме да ги информираме нашите сојузници што друго можеме да направиме, се разгледуваа различни хипотези, но не и за испраќање на војската да учествува во борбите, како што некои го толкуваа. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да бидеме соучесници во овој конфликт. Но, дали се обидовме сè на тоа поле помеѓу испраќање оружје, како што правиме сега и соучесништво, односно директна војна со Русија? Дали има други патишта што не се испробани?, прашува Лекорну.

Тој изјави дека пред се станува збор за западно воено присуство за деминирање и обука на украински војници на територијата на Украина.

На крајот на февруари, Макрон, по конференцијата за поддршка на Киев, изјави дека лидерите на западните земји ја разгледувале можноста за испраќање војска во Украина, но дека нема договор за ова прашање и дека ништо не е исклучено во зависност од развојот на ситуацијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен