Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Летаме заедно“ со илустратори од Турција на фестивалот „Литера“ во Скопје

Под мотото „Летаме заедно“, од 15 до 18 мај во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) -Скопје ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2024“.

Организаторите на фестивалот на денешната прес – конференција посочија дека ќе на фестивалот ќе има богата програма која ќе се состои од работилници за деца, средби со автори, работилници за илустратори, но и низа настани наменети за сите заинтересирани посетители на различна возраст.

Потенцирајќи дека во четврток во 19 часот ќе се одржи трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, Софија Семенпеева, директорка на маркетинг агенцијата Effectiva рече дека со фестивалот  „Литера“ имаат цел македонската литература за деца биде позната и надвор од земјата.  

„Нас како ‘Литера’ целта ние македонската литература за деца ги помине нашите граници и да се пласира надвор. Сакаме да охрабриме дека и од мали земји се создаваат големи дела. Годинава фестивалот ќе се реализира под мотото ‘Летаме заедно’. Како заедно да си помогнеме да нашата литература за деца ги помине македонските граници и како Македонија да се постави на мапата на фестивали од овој калибар. Да биде интересна за издавачи за да можат да го посетат и фестивалот и земјата“, нагласи Софија.  

Исто така на прес-конференцијата беше соопштено дека, меѓу другото, сакаат Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“ да стане светски бренд. Затоа секоја година на фестивалот има различна земја фокус. Оваа година земја фокус на фестивалот ќе биде Турција од каде што ќе дојдат врвни илустратори и автори како што се Гизем Ѓозде Учар, Зејнеп Севда Паксу и Мурат Калкаван.  

Зачлени се на нашиот е-билтен