Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев го обелодени еден од предизборните слогани на неговата партија: „Посери се на мицковизмот“.
Со перформанс во кој оставија полна торба со импровизирани пари и телевизор денеска пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Левица вчера официјално ја започна својата изборна кампања.
Поводот беше одлуката на Агенцијата, со која партијата остана без можност за платено политичко рекламирање.