Чиле денес гласа за нов претседател во атмосфера обележана со страв од растечкиот криминал и силен отпор кон имиграцијата. Иако важи за една од најбезбедните држави во Латинска Америка, последните години Чиле се соочува со организиран криминал и влијание на странски банди – тема што доминираше во кампањата.
Актуелниот претседател Габриел Борич, кој има и хрватско потекло, нема право на втор мандат.
Најмногу внимание привлече дуелот меѓу две сосема различни визии за државата:
- Жанет Хара (51) – кандидатка на левиот центар и членка на Комунистичката партија од младоста, води во анкетите. Иако најавува социјална правда и економски раст, таа ја зајакнува реториката за безбедност и контрола на миграцијата.
- Хозе Антонио Каст (59) – лидер на крајната десница, син на германски офицер кој по Втората светска војна избегал во Јужна Америка. Каст третпат се обидува да стане претседател, градејќи кампања на строг безбедносен пристап, традиционални вредности и цврста политика кон мигрантите.
Во трката се вклучени и други десничарски кандидати со радикални предлози – од масовно протерување на нелегални мигранти, до ригорозно обезбедување на границите.
По два неуспешни обиди за уставна реформа и растечка несигурност, дел од чилеанците бараат „цврста рака“ – што анкетите го претвораат вториот круг во извесна битка што може да ја однесе победата на десницата.

