Левица: Се кратат 10 отсто од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

Во соопштението до јавноста, испратено од Левица, пишува дека имаат нови сознанија до кои укажуваат на уходана шема на партиски клиентелизам и злоупотреба на средства во рударските компании во Пробиштип и Крива Паланка. Според нив, секој месец од платите на рударите се одземаат, односно рударите се казнуваат за 10 отсто, а тие средства завршуваат во приватни фирми под контрола на функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Во центарот на шемата, според Левица, се наоѓа Марјан Панов – Лиса, претседател на т.н. „Патриотски институт“ и близок соработник на актуелниот кандидат за градоначалник на Пробиштип, Томе Тодоровски – Тозо. Панов е сопственик на приватната агенција за обезбедување „Security Fox”, која обезбедува два рудника: „Булмак“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка.

Дополнително, Левица соопшти дека во шемата е вклучена и пратеничката Драгана Арсова, чие семејно возило е регистрирано како дел од возниот парк на истата агенција за обезбедување.

„Клучен играч во оваа мрежа на интереси е и Тони Тоневски, директор на рудниците и кандидат за нов мандат како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, ја контролира исхраната во рудниците, додека Панов го контролира обезбедувањето, со што, како што велат од Левица, се заокружува партиската контрола и приватниот профит врз грбот на рударите.

Партијата најавува институционална борба против ваквите организирани и партиски поврзани бизнис-интереси кои ги злоупотребуваат работниците и јавниот систем.

Зачлени се на нашиот е-билтен