Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Привремениот либански премиер Наџиб Макати прогласи тридневна жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите сопатници.

– Во периодот на жалост знамињата ќе бидат на половина копје на сите јавни администрации, институции и општини, објави агенцијата ННА.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна вчера во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај нив загинаа уште седум лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен