Либанскиот исламистички Хезболах денеска соопшти дека истрелал десетици ракети врз едно село во северен Израел по израелските напади вчера, во кои загинаа пет лица, вклучително и тројца членови на организацијата.
Хезболах соопшти дека утринава истрела „десетици ракети од типот „Качуша“ врз селото Мерон, на осум километри од границата.
Мерон е дом на голема база за контрола на летање и неколку пати беше мета на проиранскиот Хезболах од почетокот на војната.
Израелската војска соопшти дека „идентификувани се 35 истрелани проектили, а многумина се пресретнати“.
Во соопштението се додава дека израелските воздухопловни сили во текот на ноќта ја гаѓале инфраструктурата на Хезболах, вклучително и Кербет Селм.
Засега двете страни во конфликтот се борат околу границата, но има се посериозни закани дека ќе избие отворена војна.
Неколку рации веќе ги погодија позициите на Хезболах во Либан и беа убиени и ранети цивили.