Лицето убиено во Минеаполис било болничар со дозвола за оружје

Маж убиен од федерални агенти во Минеаполис е идентификуван како Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар вработен во одделот за интензивна нега во болничкиот систем на Вирџинија, изјавија неговите родители за Асошиејтед Прес. Ова е второ убиство овој месец од страна на федерални агенти во Минеаполис, во рамките на нивната засилена операција во Минесота, објави „Гардијан“ .

Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, на прес-конференција изјави дека, според неговите сознанија, единствениот претходен контакт на Прити со полицијата бил за сообраќајни прекршоци, додаде Скај њуз.

„И веруваме дека тој е законски сопственик на оружје со дозвола да го носи тоа оружје“, рече О’Хара.

Федералните лидери не одговорија на прашањата дали Прети мавтал со оружје.

Командантот на граничната патрола Грег Бовино изјави дека Прети бил застрелан додека се обидувал да нападне федерални офицери, кои потоа се обиделе да го разоружаат и пукале во самоодбрана. Локалните власти сè уште не биле во можност да потврдат ниту еден од тие детали.

Прети студирал медицина на Универзитетот во Минесота, каде што работел и како помлад научник од 2012 година и учествувал во научни истражувања. 

Зачлени се на нашиот е-билтен