Лидерите на АПЕК усвоија заедничка декларација во Гјонгџу

екларацијата од Гјонгџу опфати клучни теми на агендата - од трговија и инвестиции до дигитални иновации и инклузивен раст

 Лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) усвоија заедничка декларација во јужнокорејскиот град Гјонгџу, со што заврши дводневниот самит посветен на растот и просперитетот во Азиско-пацифичкиот регион.

Декларацијата од Гјонгџу опфати клучни теми на агендата – од трговија и инвестиции до дигитални иновации и инклузивен раст, под заедничката тема „Поврзување, иновации и просперитет“, објави Јонхап.

Со овој документ, културните и креативните индустрии за прв пат се препознаваат како нов двигател на растот и ја потврдуваат посветеноста на 21-те членка на соработката во областите на вештачката интелигенција и демографските промени, објави претседателскиот кабинет на Јужна Кореја.

Зачлени се на нашиот е-билтен