Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор

 Црна Гора следната недела ќе ги собере лидерите на Западен Балкан и претставниците на ЕУ и САД на самит на кој ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан.

Домаќин на самитот, кој ќе се одржи на 16 мај во Котор, ќе биде премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, пренесе Бета.

Под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ на собирот ќе учествуваат и европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

Американскиот Стејт департмент синоќа објави дека О’Брајан и учесниците на самитот во Котор ќе се фокусираат на регионалната економска интеграција и можноста за раст што ја нуди Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и ќе ја зајакнат силната поддршка на САД за патот на Западен Балкан кон ЕУ членство.

За време на престојот во Црна Гора, О’Брајан ќе се сретне и со високи црногорски владини претставници на разговори за билатералната соработка за поддршка на целосната евроатланска интеграција на Црна Гора.

Покрај лидерите и министрите од земјите од регионот, во Котор беа поканети и партнерски организации, како што се Советот за регионална соработка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Транспортната заедница, Атлантската алијанса, Енергетската заедница, здружението Отворена фондација, РеСПА, ГИЗ, високи претставници на Европската комисија, објавија организаторите.

Ден пред Самитот, на 15 мај, ќе има средба на министрите за европски прашања и финансии на земјите од Западен Балкан, претставници на Европската комисија и партнерските организации.

Планот за раст на Западен Балкан, кој Европската комисија го усвои во ноември и ЕУ минатата недела, предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди се поволни заеми што ги дава ЕУ.

Услов за добивање средства е спроведување на реформите, пред се во делот на почитување на демократските механизми, владеењето на правото и основните права. Планот се однесува на периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од западнобалканската шесторка да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги спроведувала во тој период.

За Србија и Косово, исто така, постои предуслов – „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот имплементарен анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори. во бриселскиот дијалог. 

Зачлени се на нашиот е-билтен