Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лидерот на германската екстремно десничарска група осуден на шест години затвор

Водачот на германската екстремно десничарска група која наводно планирала насилни напади врз муслиманите со надеж дека ќе предизвика граѓанска војна, денеска беше осуден на шест години затвор од судот во Штутгарт.

Вернер С., како што го нарекуваат поради германските правила за приватност на обвинетите за кривични дела, судот го осуди за основање терористичка организација.

-Терористичката ќелија предводена од Вернер С, наречена „Група С“, била опседната со стравот дека Германија ќе биде преземена од бегалците и планирале да предизвикаат граѓанска војна со напади врз џамии и други цели, соопштија обвинителите.

Адвокатот на одбраната се обиде да ја одбрани групата, тврдејќи дека таа никогаш немала намера да ги реализира нејзините планови и расистичка реторика, нарекувајќи ги „збирка слогани“.

Обвиненија беа поднесени и против десет други наводни членови или поддржувачи на „Групата С“, позната по тоа име, која го следеше презимето на нејзиниот водач. Некои добија затворски казни, додека други добија условни казни.

Едниот обвинет беше ослободен, додека другиот ненадејно почина во текот на долготрајниот судски процес.

Судењето се одвиваше под строги безбедносни мерки, а пандемијата на коронавирус и сложеноста на доказите против обвинетите придонесоа за одолговлекување на процесот.

Случајот траеше 170 дена судска постапка. Полицијата првпат ги уапсила осомничените во февруари 2020 година. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира